Претставен стингерот, ловец на брзите возачи

Петар Печков

 По теркот на американската ракета ,,стингер,, во Македонија стаса исто такво ,,оружје,,. Само што оваа е против возачите кои бегаат од полицијата. Денес  тој беше претставен, промовиран пред медиумите,  на показна вежба и во Велес. Неа ја организираше СВР Велес, заедно со екипите  на полицајците од ПС во Велес, Кавадарци и Неготино.  

Ова е проект на    ЕУ за стратешка поддршка на МВР. Овој стингер систем, служи за принудно запирање на возила, кои се во бегство. Се спроведува  во целата држва,  сообраќајните полицајци имаа обука и  се надевам дека за кратко време   ќе го добиеме во редовното работење - најави Роберт   Павлов заменик командир на Полициска  Станица  за Безбедност  на патен  ссообраќај во Велес.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати