Петар Печков
Објавено: четврток, 10 јули 2025
Чекањето заврши! Супермен е тука да ве однесе на незаборавно патување. Гледајте го Кларк Кент како ја прифаќа својата судбина, се бори со жестоки негативци и ја заштитува Земјата со помош на своето верно куче Крипто. Преполн со акција, емоции и култни моменти, овој филм ќе го редефинира тоа што значи да се биде херој.
Штрумфовите се враќаат во нова магична авантура! Кога Тато Штрумф е заробен од злите волшебници Разамел и Гаргамел, Штрумфета ги води Штрумфовите на смела мисија во реалниот свет за да го спасат. Исполнет со забава, музика и срце, овој анимиран мјузикл со игра ќе го шармира целото семејство!
На репертоарот се најгледаниот филм во светот измиантиот викенд Јура парк препопрод, седми дел. екосистемот на планетата се покажал како многу негостољубив за диносаурусите. Тие кои опстанале се наоѓаат во екваторијалните средини каде владее клима слична на таа во која некогаш живееле.Трите најколосални суштества на копно, во море и во воздух, во таа тропска биосфера ги содржат клучните компоненти за лек кој ќе придонесе за чудесно зачувување на животот на човештвото. Новото поглавје е засилено со ѕвездата на акционите филмови, Скарлет Јохансон, Џонатан Бејли и Маршал Али. Приказната преполна со акција зборува за тим за спасување кој оди на најопасното место на Земјата, истражувачкиот центар на островот на кој се наоѓа оригиналниот парк од времето на Јура, во кој живеат пострашни од најстрашните.
Во главните улоги се и признатите светски ѕвезди Руперт Френд и Мануел Гарсија-Рулфо. Филмот го режираше Гарет Едвардс ( Одметник 1: Приказна за војна на ѕвездите), мајстор за акција и визуелни ефекти, а по сценарио на сценаристот на оригиналниот Парк од времето на Јура, Дејвид Коеп. Скарлет Јохансон, ја игра Зора Бенет, експерт за тајни операции која ја ангажираат да води уигран тим во строго доверлива мисија во која треба да се сочува генетски материјал. Кога операцијата на Зора ќе се сретне со едно семејство чиј брод се превртел во водите во кои живеат диносауруси грабливци, остануваат насукани на забранетиот остров каде некогаш постоела тајна истражувачка станица, Паркот Јура. Тука, на теренот кој го населуваат диносауруси од најразлични видови, ќе се соочат лице в лице со злокобно, шокантно откритие кое со децении било скриено од светот.
На репертоарот е и втро по гледаност филм во светот измиантиот викенд Ф1 со Бред Пит. Од творците на хитот Топ ган: Маверик, доаѓа високооктанскиот блокбастер на годината – Ф1! Во главната улога е Бред Пит, како поранешен возач на Формула 1 кој се враќа на патеката, а Демсон Идрис е неговиот тимски колега во измислениот тим АПХ ГП. Оваа адреналинска авантура нѐ води во срцето на светот на Формула 1, а снимена е за време на вистински Гран При викенди, каде што филмскиот тим се натпреварува покрај вистинските великани на спортот. Со приказната за аутсајдери, пријателство, храброст и со доза романтика, Ф1 нуди уникатно кинематографско искуство кое ќе ве остави без здив. Подгответе се за спектакуларна авантура која ги поместува границите на филмското искуство!
На репертоарот e и анимираниот Лило и Стич, дело на студиото Дизни, кој и натаму е при врвот, два месеци по премиерата.