Премиера на „Галеб“ од Чехов, петок вечер во велешки театар

Петар Печков

Петок вечер  од 20ч. на сцената на велешки театар премиерно ќе биде изведена претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов во режија на Александар Ивановски.

Во претставата оживуваат ликови кои не се само измислени, луѓе со копнежи, стравови, љубови што болат и соништа што се кршат под тежината на реалноста. „Галебот“ е  класично ремек дело исполнето со длабоки емоции, драмски судири и незаборавни ликови.

„Галеб е драма во која сите ликови се оставени сами на себе да се разбираат и ги  контролираат мотивите за трагичните грешки кои ги прават а  доаѓаат од љубовта, не од злото. Драмата има две теми и драматуршки линии кои се развиваат во приказната. Примарно е за несреќата од љубовта, втората линија е за љубовта кон уметноста“ – вели Катерина Момева драматург на претставата. 

Нашите одлуки го обликуваат нашиот живот. „Галеб“ е токму за тие избори – тивки, погрешни, но судбоносни. 

Во претставата играат Славица Манаскова, Филип Христовски, Благојчо Стојанов, Сандра Танчев, Кире Ацевски, Симона Димковска, Јана Лефкова, Исидор Јовановски, Јордан Витанов и Фаик Мефаиловски се актерската екипа. 

„Претставата е сместена денес и овде. Прекрасен екстериер има, полјана, поток, викенд столчиња, сценографот Коруновски внесе многу, многу модерни работи. Тоа ни два многу за ситуациите кои се градат во претставата. Режисерот Александар уште на втората проба ни порача, заборавете го Чехов, избриштете го Галеб, ние сме тие што го работиме. Не можеме да се вратиме 150 години наназад“ – кажа актерот Христовски. 

Во создавањето на претставата учествуваа  асистент на режија Бојана Василковска, сценограф Филип Коруновски и костимограф  Сара Милевска. 

Билетите за премиерата се распродадени а останеле уштен нешто малку за првата реприза понеделник навечер.

Ова е втора премиера на велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот годинава, финансирана од годишната програма на Министерството за култура.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати