Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 април 2026
Дупката кај одбојкарското игралиште на песок, во Градски парк е опасност по минувачите, граѓаните, кои ја користат улицата. Дупката е од 18 октомври лани, кога по концертот на Саша Матиќ во салата Гемиџии, возило на пожарната пропаднало откако се скршила канализацијата.
Соседите велат дека се шири смрдеа, има стаорци кои излегуваат од дупката. За нејзина санација како советничко прашање го актуелизираше проблемот Мирјана Петрушевска Савова.
„Дупката е на стар канал, граден од камења, не се знае од кога е. За нејзино санирање потребна е поголема инвестиција. Привремено ќе го средиме, санираме, поради случувањата кои ќе бидат таму, во Градски парк. Предвидуваме санација до вливот на река Вардар, каде што завршува. Граѓаните бараат да се продолжи до реката, оти вака од миризбата луѓето кои тука спортуваат, рекреираат, младите кои возат во скејт паркот, сите мирисаат лоша реа“ – кажа градоначалникот Марко Колев.
