Петар Печков
Објавено: вторник, 23 декември 2025
Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, заедно со медицинско лице од ЈЗУ Општа болница Велес, реализираа превентивно- едукативна активност во рамките на кампањата „Без пиротехника за побезбедни празници”, за учениците од осмо и деветто одделение во основните училишта „Панко Брашнаров“ и „Васил Главинов“ во Велес.
„На предавањата беше укажано дека употребата на пиротехнички средства претставува опасен ризик по здравјето, особено кај децата и може да предизвика тешки и трајни повреди и последици по здравјето. Исто така, беше потенцирано дека продажбата и употребата на пиротехнички средства е законски строго регулирана и за прекршителите на мерките се предвидени казни“ – соопшија МВР.
Целта на едукативните предавања е да се подигне свеста за опасностите од користењето на пиротехнички средства во пресрет на новогодишните празници.
фото МВР
