Превентивни активности за заштита на домот, користење на заштитен појас

Петар Печков

Три едукации за граѓаните извеле полициските службеници во Велес и Чашка.

Во Чашка е  реализирана превентивна активност „Заштити го својот дом“, во рамки на кои ги советуваа граѓаните како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети.

Во Велес е  спроведена  превентивни активности, за  обврската и потребата од задолжително користење на сигурносен појас како за возачите, така и за останатите патници со цел зголемување на личната безбедност. Исто така, била  нагласена обврската за редовно одржување и техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот.

Вчера по повод 18 октомври, Европскиот ден за борба против трговија со луѓе, во Велес е реализирана превентивна активност со цел на граѓаните да им се појаснат формите и начините на кои организираните групи го вршат овој вид на криминал и ги советуваа како да се заштитат себе и најблиските.

фото МВР

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати