Петар Печков
Објавено: петок, 20 февруари 2026
Седумте професори советници и двајца проценувачи, сите професори од Државниот училиштен центар со ресурсен центар „Коле Неделковски“ од Велес ги добија првите сертификати за признавање на знаењата на повозрасната популација.
Сите седум регионални центри за стручно образование и обука покрај функционирањето како образовни установи за задолжително средно образование, можат да ги валидираат знаењата и вештините на повозрасната популација, стекнати преку неформално и искуствено учење.
Деветнаесет советници за неформално образование и искуствено учење и 20 проценувачи од Регионалните центри за стручно образование и обука во Битола, Тетово, Куманово, Велес, Охрид, Струмица и Штип, успешно ја завршија обуката која изминатиот период беше спроведена од страна на ЈУ Центар за образование на возрасните и во Министерството за образование и наука беа враќени сертификатите со кои ќе можат да го валидираат знаењето и вештините на повозрасните граѓани.
„Ова е уште една потврда за успешното функционирање на регионалните центри за стручно образование и обука. Во иднина сите граѓани кои ќе сакаат да добијат формален документ за стекнатите знаења и вештини низ годините надвор од училиштет, ќе можат тоа да го сторат во еден од седумте центри. Сертификатот што ќе го добијат ќе може да им послужи за понатамошно професионално и кариерно напредување“, истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Оваа новина е утврдена во Законот за образование на возрасните, а освен валидација на неформалното образование, Регионалните центри за стручно образование и обука ќе спроведуваат и процеси на преквалификација и доквалификација на работници.
Сертификати за првите советници од ДСУРЦ „Коле Неделковски“ добија Валентина Шкрекова, Пандорче Јорданова, Верица Анѓушева, Мира Ташкова, Весна Стојанова Богоевска, Мариче Стојанова и Јордан Палашев а за проценувачи Симе Мајсторов и Мимоза Пановска-Тодорова.
фото ФБ ДСУРЦ Коле Неделковски
