По 30 пат манифестацијата Благцата на баба (фото)

Петар Печков

По 30-ти пат велешките пензионерки ја  организираа манифестацијата Благцата на баба, на која учествуваа повеќе стотини жени од десетина македонски градови. Тие низ песна, игрa, забава се дружеа и го одржуваа споменот на традицијата. Ce одржа во Росоман.

„Денес се чувствуваме посебно убаво,  зошто и годинава се собравме на благцата на баба.  Годинава сме домаќини на 30 здруженија, што не прави посебно горди и нас како организатори и манифестацијата како настан - рече Благојка Настова, претседател на активот на жени пензионерки при Здружението на пензионери од Велес.  

И годинава манифестацијата имаше хуманитарен карактер, беа посетени  домови на  стари и изнемоштени лица и донирано од подготвените блага.

Гостите се дружеа, се потсетуваа на убавите мигови од претходните настани, но и го вкусија многуте слатки, изработени по рецептите на нивните баби, извадени од пожолтените домашни тефтери. Освен евоцирањето на спомените, гостинките си разменија по некој старински рецепт.На манифестацијата присуствуваше  Станка Трајкова, претседателка на Сојузот на пензионери на Македонија.  

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати