Пораз на Велес во футсал, дома

Петар Печков

Во последното коло од првиот дел на првата футсал лига, на домашен терен во салата Гемиџии екипата на Велес загуби од кумановски Илирет Ројал со 3:5.  

Головите за домаќините ги постигнаа  Нанев, Велковски и Спасовски, додека за гостите Билали и  Османи  по два и   еден  Алили.  Така велешани по неочекуваната минатонеделна  победа во гости против второпласираниот на табелата сега неочекувано загубија на домашен терен од четвртиот тим.

По првиот дел до првенството 18 кола Велес се најде на  7-то место со 20 бода и е во опасната зона оти претпоследното 9-то место води во плеј аут разигрување за опстанок.

Следенети три седмици е пауза во првенството поради настапите на репрезентацијата во квалификациите за ЕП. Потоа следат уште девет кола по што ќе биде познат конечниот пласман.  Во првото следно коло Велес му гостува на Скопје. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати