Пораз за ветераните на ОК Борец на дербито со ОК Шкендија во Тетово

Петар Печков

Пораз за велешките одбојкари ветерани во Тетово од екипата на ОК Шкендија.  Во возбудлив, израмнет и интересн натпревар, на моменти и тензичен, славеа тетовци о 1:2. Поведе ОК Шкендија со 25:20, велешани израмнија на 1:1 со 25:23.  Во третиот сет, тај брејкот ОК Борец ветерани водеа со 14:11 имаа три меч топки но не успеаја да поентираат, затоа пак тетовци со серија од 5:0 стигнаа до освојување на сетот 16:14 и победа од 2:1. Домаќин на трунирот, шестото коло, беше екипата на ОК Тетово.

Ова е втор пораз за три години за ОК Борец ветерани, откако постои оваа лига. Специјално  за натпреварот од Германија допатува и играше Благој Гинов, а хендикеп е повредата на Марјан Габеров кој не настапуваше. 

Останува да се одгира утше последното коло седмо коло, следниот викенд во Прилеп, кога ОК Борец е слободен. Во зависност од резултатите ќе биде познат противникот во полуфиналето на Лигата за ветерани, која е во рамките на Одбојкарската федерација на Македонија.

Нов момент е што полуфиналето наместо на 18 октомври, ќе се игра на 1 ноември, заедно со финалето и борбата за 3-то место. Град домаќин ќе биде победникот на лига системот. Во неа учествуваат седум екипи.  

 фото архива ТрМр

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати