Порази за ракометарите и одбојкарите

Петар Печков

Ракометарите на ГРК Борец  загубија со високи 33:22 (16:9) на гостувањето во Охрид од  истоимената екипа. Подмладената  велешка екипа, не беше сериозен противник за  домаќините, кои се  четвртопласирани  со 28 бодови.

Единствена непозната на средбата  е со колку гола предност ќе завршела. Велешани  остануваат  на 10 бода и се седмопласирани.   Ова беше натпревар од 16-то коло а веќе овој викенд ГРК Борец дома игра со екипата на Радовиш, која е 5-та со 20 бода. 

Одбојкарите на ГОК   Борец загубија со максимални 3:0 во првата средба од четвртфиналето на Купот. Во Штип стуеднатска екипа на ОК Универзитет  Гоце Делчев ги порази со маскимален резултат при што велешани освоија вкупно    46 понени,  19, 10, 17. Реваншот се  игра следната среда  во  Велес и ако сака подмладената велешка екипа д а  оди натаму ќе треба да победи со 3:0 но гостие да ен освојат  повеќе  од 46 поени. Тогаш  ќе се игра златен сет.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати