Поради загадениот воздух, локалната власт препорачува на граѓаните наутро и доцна попладне да не излегуваат без потреба

Петар Печков

Три дена Велес се гуши во високи концентрации на ПМ 10 честичките. Ова го покажуваат вредностите на мерната станица на Министерството за животна средина Велес 2.

На 30 декември понеделникот ПМ10 честичките беа 115 мг/м3, вторникот на 31 декември 114 мг/м3 и на 1 јануари 110 мг/м3. Со ова  е надминат прагот на информирање, а тоа е кога два последователни денови вредноста е над 100 мг/м3. Поради ова локалната власт со препораки до  жителите на Велес.

„Рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено, да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците, да се одложат сите активности на отворено“ – соопштија од локалната власт.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати