Изградбата на пречистителна станица и колекторски систем за отпадни води за Велес, во фаза на експропријација на земјиштето

Петар Печков

Проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води и  колекторски систем во Велес е во фаза на експропријација на земјиштето каде тој ќе се гради и каде ќе минува одводната мрежа, во должина од неколку километри.  Со реализацијата на овој проект, треба да се реши излевањето на одводните води од велешките домови, од двете страани на градот во реката Вардар.

„Техничката и тендерска документација за проектот за Изградба на пречистителна станица за отпадни води и надградба на канализационата мрежа во Велес  е подготвена. Проектот е испрограмиран во ИПА Оперативна програма за животна средина (2024 – 2027). За да започне со имплементација, потребно е да се потпише Финансиска спогодба помеѓу Република Северна Македонија и Европската Комисија. Истото се очекува надоцна до декември 2025 година. Предуслов за да се објави тендерот е завршена експропријација и издавање на одобрение за градба. Општината Велес работи на завршување на процесот на експропријација. Издадена е одобрение за градба.Потоа следи објавување на тендерот за градба од страна на Министерство за финансии. Градбата се планира да почне прваа половина на 2026година,  да заврши за две  години и следи една година гарантен период“ – одговорија од Министерството за животна средина, на поставеното прашање.

Овој проект е финансиран од ИПА проектот од ЕУ фондовите.  Пречистителната станица треба да биде  изградена близу вливот на реката Бабуна во Вардар, неколку километри низводно од Велес.

Проектот беше заглавен, според објаснувањето на градоначалникот на Велес, Марко Колев,  откако вработен во Министерството за земјоделие, плацот каде таа требало да се гради го дал на компанија која  одгледува лозје. Па се бараше нова локација, која беше најдена и извршена е промена во Проектот, со што се изгуби време. Општина Велес ја започнала постапката за експорпијација на земјиштето, каде ќе минува мрежата на колекторскиот систем.

„Екпропријација ќе се врши на повеќе од 300 парцели за кои е во тек изготвување на проценки за деловите кои ќе се експроприират. По завршување на проценките ќе се утврди вредноста на средствата потребни за експропијација кои Општина Велес треба да ги обезбеди од општинскиот буџет. До сега се уште нема исплатени средства за експропријација на ниту еден сопственик на парцела. Со измена на програмата за уредување на градежно земјиште ќе се обезбедат 1.000.000 денари со кои би отпочнала исплатата а останатите средства кои по завршување на проценките би се знаеле колку изнесуваат, ќе се дообезбедуваат од страна на Општина Велес во тековната година“ – е одговорот добиен од локалната власт на Велес.

Проектот е во вредност од 24 милиони евра, од претпристапна помош на Европската комисија за програмскиот период 2021-2027 година. Тој ќе  биде преку ИПА 3 програмата  на Европската Унија за поддршка на проекти за заштита на животната средина, а  Општина Велес е вклучена заедно со Општина Штип, заштита на водите на реката Брегалница.

Таму работите се понапред, годинава завршува експропријацијата на земјиштето, каде минува колекторската цевка. Досега е извршена на земјиште сопственост од 160 лица,парите им се исплатени од Општинскиот буџет.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати