Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 април 2025
Викендов веелшката полиција контролирала колку е гласна музиката која се пушта во угостителските објекти во градот. Во два, биле констатирани прeкршоци. Од полицијата нема дополнителна информација, кои се тие два објекти.
„Во текот на изминатиот викенд, од страна на полициски службеници од СВР Велес, биле извршени контроли во угостителски објекти на подрачјето на Велес. Притоа, во два угостителски објекти, при извршено мерење на јачината на бучавата со фонометар, било констатирано дека ја надминуваат дозволената јачина, односно со музика погласна од дозволеното, го нарушуваат јавниот ред и мир“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Полицијата најавува дека ќе бидат поднесени соодветни пријави.