Полициски марш за тимски дух и заедништво со заедницата (фото)

Петар Печков

Полициски марш во должина од 11 км. се одржа денес, петок, на подрачјето на Општина Чашка.  Околу 200 службеници од СВР Велес, заедно со раководството на СВР Велес и првиот човек на Бирото за јавна безбедност, директорот Александар Јанев, пешачеа од  селото Еловец до манастирот Свети Илија, во близина на селото Лисиче.

„Маршот ја  симболизираше  врската помеѓу полицијата и заедницата на којашто полицијата секојдневни и служи. Мотивот е преку ваквите активности коишто ќе бидат во континуитет спроведувани на подрачјата на сите Сектори за внатрешни работи да се нагласи и поттикне важноста кон здравиот животен стил, кон редовната физичка активност и психолошката стабилност – вредности што се клучни за успешното извршување на полициската служба“ – соопштија од СВР Велес.

Активноста којашто Бирото за јавна безбедност на МВР ја реализираше е за унапредување на социјалната кохезија, зајакнување на физичкото и менталното здравје, односно добросостојбата на полициските службеници, како и унапаредување и поттикнување на тимскиот дух и меѓусебната доверба и поддршка.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати