Познат терминот и локацијата на годинашната Питијада

Петар Печков

Општина Велес ги објави терминот и локацијата на манифестацијата „Питијада 2025“. Таа ќе се одржи традиционално во викендот околу празникот 11 Октомври, годинава од 10 до 12 октомври, вториот викенд во месецот. И локацијата останува иста, пред зградата викана Панини.  

„Цел на  манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција  на  питата пастрмајлија, препознатлив велешки специјалитет, но истовремено ќе им се помогне на угостителите, винариите, малите и средните компании од прехрамбениот сектор, пред потенцијалните потрошувачи, како и здруженија на сродни производители, стопански комори, ресорни министерства, амбасади, организации и фондации за поддршка на претприемништвото кои ќе бидат поканети да го посетат настанот“ – соопштија од Општина  Велес. 

Оваа година манифестацијата е  со богата културно-уметничка и забавна програма. За таа цел на последната седница на Советот, беа издвоени дополнителни два милиони денари, на постојните пет милиони денари кои претходно беа обезбедени во локалниот буџет. 

На прашање од советниците, кои ќе бидат учесниците, градоначалникот Колев, кажа дека ќе бидат објавени по 10 септември. 

Годинашнва Питијада е 19  по ред, Има стаж од 21 година, првата беше организирана 2004-тата,  пауза  2019 (парите се пренаменија за санација на езеро Младост по пожарот) и 2020 и 2021 година поради ковид-19 пандемијата. Во 2010 имаше две во февруари и во ноември

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати