Пожарот од вчеравечер бил во погонот Биокосмос на Мирана

Петар Печков

Се огласија и од прехранбената индустрија Мирана, пожарот бил во погонот за здрава храна Биосомос. Според нив причина бил удар на гром.

„Избувна пожар во производствениот погон на BioCosmos како резултат на удар од гром. За среќа, пожарот е во тек и под контрола но нема повредени. Дел од просториите на BioCosmos се оштетени и ќе бидат привремено надвор од употреба.

Сакаме јасно да нагласиме дека фабриката Mirana, која се наоѓа во истиот комплекс, не е зафатена од пожарот и производството таму продолжува нормално.

Во координација со надлежните служби работиме на проценка и санација на штетата за што побрзо враќање на BioCosmos во функција“ – информираа од прехранбената индустрија Мирана.

Претходно од Центарот за управување со кризи соопшѓтија дека огнот зафатил магацин во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друго и канцелариски простории  документација и други материјали. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати