Петар Печков
Објавено: вторник, 02 септември 2025
Поетесата Марија Стојанова, роднокраен поет од Велес е добитник на наградата „Коле Неделковски“ кое ја доделува Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес. Во неговото родно село Војница традиционално беше доделена наградата.
Стојанова е член на Клубот на писатели. Со тоа беа одбележани 84 години од смртта на поетот и револуционер Коле Неделковски Беше положено свежо цвеќе пред неговите спомен бисти во училиштето во село Војница и во средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес а за животот на поетот говореше Елица Николова. Беа прочитани и стихови инспирани од поезијата на Неделковски.
Присутните ја посетија и музејската спомен соба на Неделковски. Коле Неделковски, истакнат македонски поет и револуционер. Роден во село Војница на 16 декември 1912 а починал на 2 септември 1941 во Софија кога сардисан од бугарската полиција, скокнал од станот на петтиот кат, од зграда во Софија.