Пододекор ќе донира детско игралиште кај Железничка станица

Петар Печков

Советот на Општина Велес, едногласно ја прифати донацијата од Пододекор, со која треба да се изгради детско игралиште во близина на Железничка станица Велес. Донацијата е во вредност од 3,5 милиони денари.

„Донацијата се состои од Проект и реализација на проект за детско игралиште кое ќе содржи разни детски реквизити за физички и ментален развој на децата. Донацијата е со вкупна вредност од 3.500.000,00 денари. Детското игралиште се предвидува да биде во близина на Железничката станица во Велес“ – пишува во одлуката на Советот на општината.

Претходно велешка Маслодајна го реновираше детскиот парк т.н. Дизни, но останува обврската локалната власт за негово одржување а на децата или  младите за негово сочувување.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати