Победничка серија на ОК Борец во разигрувањето за опстанок, во дербито поразена ОК Шкендија

Петар Печков

Победничката серија на ОК Борец продолжува. Во дербито на групата која разигрува за опстанок, играа најдобрите две екипи ОК Борец и ОК Шкендија. Во тежок и неизвесен натпревар славеа велешани, во салата Гемиџии во тај брејк со 3:2 (23:25, 25:18, 12:25, 25:20, 15:10) со што се израмнија со гостите според скорот и двете екипи имаат по 10 победи и 8 порази. Во двата претходно одиграни натпревари на овие две екипи тетовци два пати победија.   Во наредното коло ОК Борец гостува  во Струмица на последната екипа од табелата за опстанок ОК Македонија Џио која има само две победи.  

Кошаркарите на КК Борец баскет ова коло во првата лига беа слободни, по суспензијата на последно пласираниот ККК Куманово. Во следното 19 коло гостуваа во Штип каде играат важен натпревар со соседот на табелата КК Соколи, кој има еден бод помалку од велешани и двете екипи се борат за пласман до 8 место, кое води во разигрување за Прва лига. КК Борец баскет е шести со 22 бода.  

Во првата ракометна лига се одигра второто коло од разигрувањето за пласман во Супер лига. РК Бисинов, барем на хартија и според есенското искуство , требаше да биде на искушение   за неговите квалитети во Радовиш против истоимената екипа. Но велешани славеа високо и убедливо со 26:40 (9:17) со што направија крупен чекор во борбата за прва место, кое води во Супер лигата. По две кола имаат две победи.  Во следното коло играат дома со РК Македонија ЃП кое има една победи еден пораз. Во разигрувањето за опстанок МКР Борец на гостувањето во Гевгелија загуби со 38:20 (20:11) и останува последен 9ти со два порази по две кола. Во следното МРК Борец игра дома со РК Текстилец од Штип,. кој има по една победа и пораз. Започна пролетниот дел од пингпонгарското првенство. 

Составот на ПК Борец ТИМ во првото коло одиграно во Скопје, славеше над ППК Студент, кој има две победи  со 4:2. По ова 9 коло велешани се 4 на табелата со пет победи и 14 бода. Првенството продолжува на крајот од март,  31 кога се играат две кола, а ППК Борец ТИМ игра со ППК Кочани кој е последен со една победа и со второпласираниот ППК Радовиш кој има еден пораз и осум победи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати