Победи за фудбалерките на ЖФК Борец, кошаркарите, ракометарите и футсал екипата на Велес

Петар Печков

Во првото пролетно коло, во Првата женска фудбалска лига, велешанки уверливи дома. Со 5:1 го совладаа тимот на КФ Шкупи од Скопје.  Со оваа победа велешанки останаа на  11-тото место, но со 16 бода, пред гостинките од Скопје кои останаа на 11 бода.   И во второто пролетно коло, ЖФК Борец игра дома, ја пречекува екипата на ЖФК Тиверија од Струмица , која е второпласирана на табелата од 15 екипи.   Извршен е и ждребот за 1/16 финалето од Купот, ЖФК Борец на 10-ти март гостува во Струга на екипата на ЖФК АС јунајтед.  

Во 14-тото коло до Првата футсал лига, екипата на КМФ Велес слаеше над последно пласираниот тим на КМФ Мај Ајакс во Штип со 3:8  и собра 15 бода. Вториот велешки прволигаш во футсал,  во Липково загуби  со 7:10 од  КМФ Карадаку и остана на 12 бода.  

Одбојкарите на ГОК Борец се поразени во петтото коло од втората фаза од екипата на ОК Вардар со максимални 0:3 иако по сетови скопјани тешко стигнале до победата (21, 26,21). Така и по ова коло ГОК Борец нема радост од победа. Во последното коло ја пречекуваат екипата на лидерот ОК Џио Струмица, која ги забележа сите победи.  

Во 12-тото коло од Втората лига Исток, кошаркарите на КАМ Баскет, во Македонска каменица, во директен дуел кој го дава носителот на позицијата четири, последната која води во доигрувањето, го совладаа велешки Борец Баскет со (66:49)..Со тоа двете екипи се изедначија по бодовите 19 и го делат четвртото место. Во следното коло ја пречекуваат екипата на КК Струмица која е седмо пласирана.

Во првото коло од разигрувањето за опстанок, ракометарите на ГРК Борец дома ја победија екипата на РК Делчево 32:30 ( 18:15).  Во следното коло, следниот викенд велешките ракометари повторно играат дома, овој пат ја пречекуваат екипата на РК Ринија од Гостивар, која исто така победи во првото коло.  Претходно велешките ракометари во средата играа во 1/32 од Купот и загубија од екипата на РК Пролет во Скопје  38:19 (22:11).

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати