Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 декември 2025
Седма првенствена победа за одбојкарите на OK Борец во последниот натпревар од деветтото коло од Првата лига мажи со 0:3 (25:15, 25:17, 25:13) во Струмица над Македонија Џио во Струмица. Домаќините со млад состав, не беа сееризоен противник за велешани. Во редовите на Борец тандемот бразилски интернационалци Басто и Оливеира беа најефикасни со 17, односно 11 поени. По ова коло велешани се 4-ти со 20 бода. Следното коло во Велeс гостува тетоvска ОК Шкендија, која е 6-то пласирана.
По двата последователни порази во дерби натпреварите за врвот, велешки КМФ Кеги моби победи. Славеше со 1:6 (0:2) над КМФ Клими од Кавадарци, во натпревар кој се одигра во салата Гемиџии. Тоа требаше да биде дерби на 7-то коло, бидејќи играа 3-то и 4-то пласираниот тим. Но велешани славеа уверливо и не дадоа шанса на кавадарчани да се надеваат на поволен резултат. КМФ Кеги моби останува трет со 15 бода, колку и второпласираниот КМФ Форца која има натпревар помалку. Во следното 8-коло КМФ Кеги моби игра дома со КМФ Јувентус Серава од Штип, кој е 5-то пласиран, по некомплетното коло.
Победа во дербито на 8-то коло за кошаркарите на КК Борец баскет над КК Соколи од Штип со 85:77. (49:39) На средбата одиграна во салата Гемиџии, велешани прокнижија два значајни бода, за врвот. По 8 кола се на делба на второто место со гостите, со ист број бодови 12. Лидер е ФМП Струмица со еден пораз. Следното коло велешани играат дома токму со лидерот, дерби за прво место.
Во Втората одбојкарска лига жени, двете велешки екипи во 10-тото коло забележаа порази. ОК Виола волеј од ОК Универзитет во Тетово со 2:3 (21:25; 25:17, 25:23, 22:25, 25:17) а со двата освоени сета гостинките освоија еден бода и стигнаа до 11 бода и остануваат на 9-тото место. ОК Борец загуби во Скопје со 0:3 (22;18;21) ОК Фламинго волеј, лидерот во оваа конкуренција. Постариот лигаш остана на 15 бода.
