Победа за кошаркарите на КК Борец во првото коло над КК Ангели

Петар Печков

Победа за стартот на кошаркарите на КК Борец баскет од 88:74 (47 :31) над екипата на КК Ангели од Скопје. Велешани настапуваат со променет подмладен состав,  натпpевaритe ео есенскиoт дел од Првата лига ги играат во Штип, бидeјќи салата Гемиџии се реновира а друга лиценцирана сала нема за настапи во Велес. Во следното коло велешани повторно се домаќини, на хартија, играат  во Штип, со КК Младинец од Скопје. 

Футсал екипата на КМФ Кеги моби не го одигра првиот наптревар во новото првенство од Првата лига, бидејќи противникот, составот на КМФ Осогово од Крива Паланка не се појавил на теренот во салата Гемиџии. Велешани очекуваат дека ќе го добијат натпреварот со службен резултат 5:0. Требаше натпреварот да се одигра во салата на ОУ Блаже Конески, но бидејќи покривот прокиснувал,  одлучено било  се игра во салата Гемџиии, иако таа се реновира. 

Годинава, спортската 2026/27 женската екипа на Борец нема да се натпеварува во Втора лига во оваа женска конкуренција. Првенството започна а неа ја нема во пријавените, кои веќе одиграа три кола. 

Се одигра второто коло на Општинската фудбалска лига Југ. Посгитнаги се следните резултати
ФК РАШТАНИ – ГОРСКИ                           1:1
ФК ПЛАВНИК  - ФК ВРАНОВЦИ                 0:2
ФК БУЗАЛКОВА - ФК ТИМ ЛОКОМОТИВА  2:2
ФК ТОПОЛКА - ФК СОГЛЕ                        2:1
ФК ФОРЦА НОВА - ФК МЛАДОСТ              4:2

Во следното трето коло играат:
ФК МЛАДОСТ 1976 - ФК ПЛАВНИК 
ФК РАШТАНИ - ФК ФОРЦА НОВА 
ФК СОГЛЕ - ФК ГОРСКИ
ФК ТИМ ЛОКОМОТИВА  - ФК ТОПОЛКА 
ФК ВРАНОВЦИ – ФК БУЗАЛКОВА 

              Т  А  Б  Е  Л  А
1. ФК ТИМ ЛОКОМОТИВА      2 1 1 0 5:2   4
2. ФК ФОРЦА НОВА               2 1 1 0 6 4   4
3. ЗГ ФК РАШТАНИ                2 1 1 0 2:1   4
4. ФК ГОРСКИ                       2 1 1 0 2:1  4
5. ФК ТОПОЛКА                    2 1 0 1 2:2   3
6. ЗГ ФК Врановци                2 1 0 1 2:3  3 
7. ФК Бузалкова                   2 0 2 0 2:2   2
8. ФК СОГЛЕ                         2 0 1 1 1:2  1
9. ФК ПЛАВНИК                    2 0 1 1 2:4   1
10. ФК МЛАДОСТ                  2 0 0 2 2:5  0

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати