Победа за РК Бисинов за врвот во Прва лига

Петар Печков

Уште една значајна победа за ракометарите на РК Бисинов во борбата за првото место во Првата лига, кое носи пласман во Супер лигата. На гостувањето во Скопје, во Драчево, кај истоимената екипа која беше второпласирана, велешани славеа со 30:36 (12:20). РК Бисинов во текот на сите 60 минути бил во водство, имале солидна предност, а во финишот дозволиле домаќинот да стигне до пристојни  негатива од 6 гола разлика. По ова четврто коло РК Бисинов е прв со сите четири победи а во следното коло игра дома  со составот на РК Металург од Скопје кој има 10 бода. Во разигрувањето за опстанок МРК Борец загуби во Свети Николе од РК Овче Поле со високи 43:15 (24:7). И по ова коло МРК Борец останува последен 7-ми без освоен бод. Во следното коло играат дома со составот на РК Кичево кој е едно место погоре со една победа и можност за прва победа во досегашните натпревари за малдиот состав на велешани.

Кошаркарите  на КК Борец баскет забележаа уште еден пораз во Втората лгиа, овој пат од високо пласираниот КК Маџари, кој е на делба на второто место.  Загубија дома со 64:87 и се доведоа во ситуација  да стравуваат за 8-то место кое го посакуваат за разгрување и пласман во Прва лига. Натпревар  беше решен во второто полувреме, во кои гостите од Скопје, направија разлика од 45:26.По ова коло КК Борец басект го дели 7-то место со тимот на КК Водно санс со по 25 бода а во следното коло има тешко гостување кај второ пласираниот КК Шкупи на Чаир.

 фото ФБ/РК Бисинов

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати