Петар Печков
Објавено: недела, 03 мај 2026
Вчера, саабота доцна попладне, пешак настрадал во сообраќајка близу Долно Врановци, на патот за Извор. Деталите од информациите на велешката полиција и болница.
„На 02.05.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:50 часот, на регионален пат село Извор - Општина Чашка, во близина на место викано „Врановски Анови“, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(26 год) од Скопје, удрило во пешакот Р.Ѓ.(57 год) од Велес“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
Р.Ѓ. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес.
„Кај повредениот се извршени снимања, констатирана повреда на глава, дадена неопходна здравствена нега и поради сериозноста на повредата препратен на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“ - соопшти д-р Анамарија Џунџева портпарол ан ЈЗУ Општа болница Велес.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, од чија анализа ќе се знаат причините за сообраќајката. Од возачот биле земени примероци на крв за присуство на алкохол и опијати, автомобилот даден на вонреден технички преглед.
