Пет обиди за измама на возрасни лица последните 24 часа, сите без успех

Петар Печков

Во изминатиот период во СВР Велес, добиени биле пријави од граѓани за кривични дела „измама“, најчесто од повозрасни лица. Тоа биле обиди за измами на начин што непознати лица телефонски им се јавуваат, лажно им се претставуваат како службени лица - полицаец, адвокат, лекар, обвинител и се обидуваат да им извлечат поголеми суми на пари.

„Сторителите ги доведуваат граѓаните во заблуда и им бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни блиски кои наводно предизвикале или биле жртви во сообраќајни несреќи. Само во последното деноноќие, во СВР Велес има пријавено пет обиди за измами. Апелираме граѓаните да бидат особено внимателни кога добиваат телефонски повици од непознати броеви, да не даваат пари, да го прекинат разговорот веднаш, а случајот да го пријават во полициска станица“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Со цел да се заштитат граѓаните од овој вид на измами, полициски службеници од Остекот за превенција при СВР Велес, во изминатиот период интензивно работеле  на едукација на граѓаните, преку непосредни разговори и делење едукативни материјали со совети за заштита. Овие превентивни активности ќе продолжат и во претстојниот период преку постојани средби со повозрасната категорија на граѓани.

Поврзани »

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Во периодот од 1ви до 15ти Септември годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот, на следните броеви: 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати