Петок навечер забава во Младински парк за Св. Трифун

Петар Печков

Петок 14 февруари за верскиот празник Св. Трифун, забава во Младински парк. Концерт кој локалната власт го организира за денот на закројувањето на виновата лоза.

Веќе е објавена програмата која ќе започне од 17 ч. и ќе трае до 23ч.а повеќето од гостите се локални уметници.

Започнува со настап на оркестарот на традиционални инструменти при Основното музичко училиште Стефан Гајдов од Велес, следен е Иван Милевски и Фантази бенд од 18ч.  Од 19,45 е Тринити бенд, додека од 21,30ч е Чалгија саунд систем.

Во текот на настанот, насловен „Бериќетно лозје, за чаша добро вино“  ќе работат, ќе бидат отворени и куќарките поставени во Младински парк, кој за посетителите ќе нудат храна и вино. 

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

Има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати