Петар Печков
Објавено: вторник, 10 јуни 2025
Утрово петмината ултра маратонците тргнаа од Велес до Лопушник, местото на погибјето на Коста Солев Рацин. Утрово Зоран Димов, Трајче Михов, Верољуб Додевски заедно со кумановецот Љубиша Андреиќ и скопјанецот Томе Спасовски, треба да истрчаат 160 км за четири дена или според планот по маршрутата по 40 км на ден.
Oвој настан се организира по четврти пат. Вечерва учесниците треба да преноќат во Стровија, втората вечер во Македонски Брод а третата во околината на Кичево, во Кнежино.
Тие на Лопушник треба да стигнат петок претпладне на 13 јуни, денот кога Рацин е застрелан. Овој ултра маратон е една до содржините на градот Велес, со кој се одбележува 82 од смртта на поетот и револуционер Рацин.