Парада на мирот на велешките гимназијалци „Стоп за врсничкото насилство“ (фото)

Петар Печков

Учениците од велешката гимназија „Кочо Рацин“ ја одржаа „Парадата на мирот“. Годинава тоа беше по 13 пат, беше во соработка со   Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ со мотото „Стоп за врсничкото насилство“.  Учениците од гимназијата, заедно со учениците од деветто одделение, испратија јасна порака- мирот започнува таму каде што завршува омразата.

„Парадата беше уште еден потсетник дека против насилството не треба да молчиме. Со зборови на разбирање, со почит и со заеднички чекори можеме да создадеме свет во кој секое дете ќе се чувствува безбедно, прифатено и вреднувано. Заедно против насилството, заедно за мирот“ – порачаа учесниците на парадата. 

Таа беше традиционално организирана по повод 21 септември – Светскиот ден на мирот, во рамките на проектот „Мировно образование“.  Со своите пораки, младите повикаа на почит, прифаќање, емпатија и безбедна средина за секој ученик. 

„Биди причина некој да се чувствува безбедно, а не уплашено“, „Секое насилство е пораз, секој мир е победа“, „Насилството остава рани, мирот остава траги“,  „Модриците ќе исчезнат, но болката ќе остане“, „Нека наместо солзи-  насмевки, наместо страв – надеж, а наместо омраза – љубов“.

фото Гимназија Кочо Рацин

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати