Петар Печков
Објавено: четврток, 09 октомври 2025
Средата попладне е оштетен изборниот штаб на СДСМ во Градско, информираа од партијата. Велешката полиција потврди дека имало инцидент.
„На 8 октомври во 18:30 часот во СВР Велес e пријавено дека билe оштетени влезна врата и прозор на штаб на политичка партија во Градско. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на настанот“ – соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
„Синоќа се искршени стаклата на изборниот штаб на СДСМ во Градско. Овој насилнички и вандалски чин го покажува стравот на власта од изборен пораз во Градско. Бидејќи нема што да им понуди на граѓаните ДПМНЕ прибегнува кон валкани методи и кршење на демократските стандарди. СДСМ порачува дека било какви обиди за заплашување на граѓаните или членовите се јалови и неуспешни“ – соопштија од Социјал демокатскиот сојуз на Македонија.