Отстранети се последиците од излегувањето на патничкиот вагон од пругата кај Кадина река

Петар Печков

Отстранети се последиците, откако патнички вагон исклизна од пругата, утрово на железничка станица Кадина река.

„Железничкиот сообраќај од 11.20 часот е повторно воспоставен по отстранувањето на последиците од вонредниот настан“ - соопштија од МК Инфраструктура.

Инцидентот се случи утрово околу 7 часот, кога еден од  трите вагони на патнички  воз од Гевгелија за Скопје се излизгал од шините, повредени патници немало. Од шините се излизгал вториот од трите вагони.

Железничкиот сообраќај  се одвива според условите на теренот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати