Отворен ден во економското училиште „Јовче Тесличков“

Петар Печков

Средното економско училиште „Јовче Тесличков“  од Велес го одржа нивниот отворен ден, каде се претстави со можностите кои ги нуди за образование. На штандовите и во кабинетите, деветтоодделениците имаа можност лично да видат кои образовни профили тука се изучуваат.

„Правиме презентација на просторните услови, кабинетите, потоа на образовните насоки кои се изучуваат во училиштето. Тука се и деловните партнери со кои имаме склучено меморандуми за соработка, каде учениците реализираат практично образование. Тоа е во едукативен и промотивен дел, дополнително учениците организираа забавни игри, од областа на економијата, каде што учесниците се запознават со значајните економски поими.  Презентацијата е во кабинетите, и тоа од страна на учениците и професорите, за образовните профили“ – кажа директроот Васко Трајковски.

На отворениот ден присуствуваа ученици од завршните одделенија, од сите основни училишта во општината, но и од Градско и Чашка. 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати