Отворен ден во ДСУ „Коле Неделковски“ (фото)

Петар Печков

Државното средно училиште „Коле Неделковски“ имаше денес отворен ден, каде учениците и професорите ги презентираа нивните можности и капацитети за образовение. На штандови пред зградата на училиштето и во кабинетие беа презентирани сите насоки во образовниот процес кој ги има оваа средношколска образовна институција.

„На завршните ученици од деветто одделение им ги презентиравме нашите образовни профили, кои се изучуваат во нашето училиште. Посетителите ќе може да ги посетат кабиентите, кои се опремени со потребни наставни помагала за совладување на наставната програма како и изворно да слушнат што ќе учат. Ангажирани се и професорите од секоја струка но и ученици од  завршната паралелка, од четврта годин. Презентацијата ја прават токму самите ученици, колегите се поддршка“ – кажа директорот Горан Богоевски директор на ДУЦСО Коле Неделковски.

На гости беа сите ученици од деветто одделение од седумте основни училиште во велешко, и од соседните оопштини Лозово, Градско и Чашка. Настанот траеше четири часа, од 10 до 14 ч.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати