Отворена ПЗУ „Ве лаб дијагностик“

Петар Печков

Вечерва е отворена приватна здравствена установа „Ве лаб дијагностик“. Првично е отворена како  специјалистичка медицинска дијагностичка биохемиска лабораторија,  која има вработено  доктор специјалист и двајца лаборанти. 

Лабораторијата нуди голем пакет на услуги од  сите лабораториски подобласти. Се испитуваат биохемиски параметри, нудиме тумор маркери, хормони, хемостаза параметри. Имаме понуда за микробиолошки испитувања и воведуваме во скоро време молекуларна медицина“ – кажа  д-р  Славица Малешевска  специјалист по медицинска биохемија.
 
За почеток ПЗУ „Ве лаб дијагностик“ работи на приватно, засега нема склучено договор со Фондот за здравство.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати