Основен суд Велес распиша оглас за 25 судии поротници

Петар Печков

Oсновен суд Велес распиша оглас за избор на судии поротници. Потребни се 25 лица. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:  да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија,  да има завршено најмалку средно образование, активно да го владее македонскиот јазик, да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник, да  не е постар од 67 години. 

Посебни услови  за  судија-поротник кој не може да биде избрано, е за  лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар. 

Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и следните документи: диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар), -уверение за државјанство -не постаро од 6 месеци,  потврда од казнена евиденција издадена од суд според местото на раѓање, не постара од 6 месеци. 

Пријавата со потребните документи и телефон за контакт да се достават до Основен суд Велес, во приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка, на адреса ул.,, 8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот, најдоцна до 20 октомври. 

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати