Од формирањето на женската одбојкарска екипа на Борец (фото)

Петар Печков

 Интерес за женската одбојка во Велес се појавила веднаш по 1945 год. Реткост било во тоа време да има женска екипа (Освен Скопје и Битола) и затоа се настапувало како градски репрезентации.

На Окружното првенство за жени  во 1946 год. во Битола настапува и градската репрезентација на Велес. Понекогаш пак настапувала велешката репрезентација, но инцијатива за формирање на званична екипа се појавува дури во 1976 год. кога Клубот ЖОК „Борец“ слави 20 години од постоењето.(Пва Ж во кратенката е Железничарски... одбојкарски клуб)

Претседателството на Клубот, на чело со др. Никола Стојков во 1977 година донесува Одлука да се формира женски одбојкарски Клуб, иако сите беа јуниорки.  Пролетта од играње се прости Ангел Жабев, професор по физичка култура, и се разбира тој ја презема екипата.

Првата екипа беше во состав: Радмила Ончева, Лилјана Гутинова, Весна Зафирова, Соња Крстева, Мирјана Андреева, Силвана Ончева, Ирена Поп-Стефанова, Пепита Павлова, Сузана Лапевска, Елвира Зафирова и Лида Дечева. Капитен беше Елвира Зафирова.

Љубовта кон одбојката на сите понагоре спомнати и многу други кој набрзо ја наполнија салата, го даде разултатот:

1981 год. освоен е Купот на Македонија и во осминафиналето противник ни беше екипата на ОК „Раднички“ од Белград (Прваци на Југославија,освојувачи на Купот и скоро цела екипа беа репрезентативки). Се разбира чест е да дочекаш во Велес ваква екипа, а резултатот 0:3.

198о/81 Женската екипа станува републички првак.

Квалификациите за 1-ва лига требаше да се играат во Ниш. Пријавувањето требаше да се обави 7 дена пред натпреварот. Во Македонскиот одбојкарски сојуз, Комесарот на лигата за првак ја прогласи екипата на ОК „Љуботен“ од Тетово. По хитно барање на ЖОК„Борец„ да се состане Претседателството на ОСМ и да решава по жалбата која е уважена и ние сме прваци. Но, уште два дена до квалификацискиот натпревар, противникот ОК „Партизан“ од Сремски Карловци си замина од Ниш. Побаравме во ОСЈ да се одложи натпреварот (иако имавме доста пријатели во овој сојуз) ОК „Партизан„ по доста убедување се сложи мечот да го играме во Сремски Карловци. Тука најзаслужен беше секретарот на ОС на Војводина Никола Попов (кој ми беше добар другар) и секретарот на ОСЈ, Горан Смрекар (добар другар со мене и ми бил на гости во Велес). Целиот овој напор, го сторив за сатисфакција на она што успешно го направија девојките. Во Сремски Карловци изгубивме 3:0, но девојките а и Жабев велеа дека ако се играше во Ниш, ништо не се знаеше за победник кој би бил.

Стандардни репрезентативки во овој период беа Елвира Зафирова и Мирјана Андреева.

Периодот по 1981 до 1994 беше период во  кој на моменти ке блеснеше некоја генерација но не се повтори ништо слично на погоре напишаното.

!987 година два дена гостин во Велес беше репрезентацијата на Царинската Служба, по барање на Владо Диневски, и одигра, по повод 10 години постоење на женската Екипа, ревијален натпревар, кои нашите девојки го добија со 2:1.

1988 год. се одржа првенство на  републиките и покраините Тој Турнир го организиравме  ЖОК „Борец“ во Велес. Прва беше екипата на ОК „Каштела„ од Каштел Стари, Сплит, која настапи како репрезентација на Хрватска. Репрезентативки од ЖОК „Борец“Невенка Матева ,Евгенија Стојанова и Цветанка Ѓакова.  Покасно стандардни репрезентативки беа: Невенка Матева, Весна Петрушева, покасно и Трајковска Весна

1994 година женската екипа се одвои, иако бев против, со посебна сметка и посебно раководство.

 Жабев, тренер беше од 1977-1984  на  ЖОК „Борец“ а тренер и селектор на Македонската репрезентацијата од 1990 до 1997 год. кога е прогласен за најдобар тренер.

Јас не си земам за право да ја кажам  дека се ова е точно. Повелете да ме исправите каде сум погрешил.

Владо Диневски:  Што да кажам, се пишувам а никој не ме поправа, значи за се сум во право, а мислам дека некаде грешам.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати