Одбојкарите со две победи за четири дена, против скопски екипи

Петар Печков

Одбојкарите на ОК Борец продолжуваат со победите. Во разигрувањето за опстанок во првата лига, тие на гостувањето во  Скопје го победија ОК Вардар, кој има само де победи,  со 0:3 (21,14,15) . Тоа се на второто место од шест екипи со скор од 9 победи и 8 порази пред нив е ОК Шкендија, со која играат наредното коло, дома во салата Гемиџии.  Претходно во средата се одигра вонредно коло, кога велешани забележаа уше една победа, тогаш против исто така скопски тим ОК Јанта волеј  повторно со максимални 0:3 (21,21,10)

Во првата футсал лига, дома, во салата Гемиџии КМФ Кеги моби е  високо поразен од КМ Форца со 1:11 (0:5). По ова 13 коло, велешани се осми од 10 екипи  со 13 бода. Во следното коло  гостуваат на КМФ Осогово.

Пораз за кошаркарите на КК Борец басект во Прилеп од екипата на КК Мега басект  78:67. Во следното коло велешани се слободни, оти екипата на ККК Куманово е исклучена од лигата. По ова 17 коло, КК Борец баскет останува шести со 23 бода, место кое води во разигрувањето за Прва лига.   

Викендов започнаа натпреварите од Првата ракометна лига, На стартот од разигрувањето за пласман во Супер лигата, РК Бисинов  во Скопје, победи против РК  Шампион со 26:29 (11:15). Во следното коло повторно гостуваат и тоа кај ривалот за прво место РК Радовиш. Во разигрувањето за опстанок МРК Борец дома во салата Гемиџии загуби од РК Астарион од Струмица со 23:45 (16:36).Во второто коло во Гевгелија велешани играат со РК партизан.   
 
Од следниот викенд со натпреварите почнуваат и пингпонгарите на ППК Борец ТИМ, кој настапува во првата лига  и се четврти од 9 екипи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати