Петар Печков
Објавено: петок, 04 септември 2026
Велешката касарна Алексо Демниевски Бауман, за втор пат го одбележа патронот, годишнината од смртта и раѓањето. На свеченоста одржана во дворот од касарната пред воени старешини и гости, се обрати генерал мајор Лулзим Нуредини, командант на Командата за обука и доктрина. (КОД).
„Денес се навраќаме на животот и делото на еден велешанец, чие име е неразделно поврзано со еден од најзначајните и најбурни настани во историјата на Европа и Македонија во првата половина на 19 век. Кога се зборува за Алексо Демниевски Бауман, се зборува за човек чиј живот бил исполнет со историски пресврти, воени искуства и големи предизвици. Пред да стане воен старешина бил млад велешки работник, човек кој потекнувал од скромната работничка средина и рано се вклучил во општествениот и политичкиот живот Кога се навраќаме Бауман се навраќаме на еден човек чиј живот ги преминал границите на неговиот град и неговата земја, човек кој стигнал до боиштата на Шпанија и до врвовите на една армија“ рече бригадниот генерал мајор Лулзим Нуредини, командант на Командата за обука и доктрина, која е лоциранa во касарната која го носи името на Алексо Демниевски Бауман.
Алексо Демниевски - Бауман (Велес, 10 септември 1905 - Белград, 5 септември 1961 е комунист , учесник во Шпанската граѓанска војна и во НОБ од крајот на 1944 година. Како командант на Петнаесеттиот македонски корпус. Учествува во борбите на Сремскиот фронт. Неговиот корпус на 13 април 1945 година учествува во ослободувањето на Винковци, Славонска Пожега, Славонски Брод, Загреб и Цеље. Посветен на идеалите за подобар свет, тој не формирал семејство.
Со избрани зборови за делото на Бауман пред присутните се обрати Александра Гиовска историчар на уметноста од Народен музеј Велес.
„Денес кога стоиме пред неговата биста во касарната што го носи неговото име, не се навраќаме кон минатото само да да се потсетиме на истористките настани, туку од минатото ги извлекуваме вредностите, што можт да не водат и денес - храброста, истрајноста, одговрноста, пожартвуваноста, посветеноста кон заедницата. Се кок генерација има свои предизвици. Демнешнтеи се поинавки од те што се соочувала генерацијата на Бауман, но вредностите потребни за нивно надминување остануваат исти. Да се биде храбар денес значи одговорно да се извршува должноста. Да се биде истраен, да не се откажуваме пред тешкотииtе“ – рече Гиовска.
