Обуката е темел на подготвеноста на армијата, беше кажано на одбележувањето на 34 роденден на АРМ

Петар Печков

Во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман беше одбележан денот на Армијата 18 август.  На свеченоста пред присутните се обрати Дарко Стојкоски полковик, заменик командант на КОД. Тој потести на создавањето на армијата на почетните години, вo 1992 година. 

„Создвањето на армијата, каква што ја познаваме денес,   е нераскинливо поврзано со осамостојувањето и независнота на нашата држава. По референдумот од 8 септември 1991 година, и по прогласувањето на незвисноста, стоеше  една од најзначајните задачи, воспотавување сопствен одбранбен систем и создавање на сопствена Армија.  Од тогаш започна еден долг и тежок, но успешен пат, изградба, трансформација и професионализација на армијата. Нашите врати кон НАТО ги отвори пристапувањето кон програмата Партнерство за мир од 1995 годиниа. Следуваа години ана реформи, усвојување на стандарди, учество во меѓународни операции, вежби и обуки со партнерски сојузнички армии. Со континуирана посветеност кон оваа стратешка цел, на 27 март 2020 година,  станавме 30 полноправна  членка на НАТО, заснован на принципите на солидарност, заедничка одговорност, колективна одбрана“ кажа Стојкоски., заменик командат на Командата за обука и доктрина (КОД).

Тој потсети дека обуката е темел на подготвеноста, знаењето на силна способност кое го поседува една армија. Потенцира дека токму тоа е мисијата на КОД и нивен придонес кон борбената подготвеност на армијата.   

Во продолжение од свеченоста беа прочитани имињата на  поединци офицери, подофицери, граѓански лица ангажирани во армијата, кои беа наградени за роденденот на АРМ. После подолго веме на свеченсот присуствуваа и четворица градоначалници од поширокиот регион, Марко Колев – Велес, Бошко Цветковски – Лозово, Суад Шаќиров -Чашка и Ѓорги Крстевски – Росоман, како и претседателот на Советот на Општина Велес Даниле Јаневски.   

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати