ОК Борец загуби во полуфиналето од Купот од ОК Струмица

Петар Печков

Одбојкарите на ОК Борец се поразени во полуфиналето од Купот со максимални 0:3 (13, 18,17) од екипата на ОК Струмица. Со тоа паднаа надежите за пласман во финалето.

Велешани беа лесен противник за струмичани, кои без поголем напор стигнаа до победата, како полесен тренинг. Во финалето сабота, ќе играт прпотив ланскиот освојувач  на Купот, ОК Универзитет Гоце Делчев од Штип. Натпреварите се играат во Радовиш, во салата 25 мај.

ОК Борец  следен настап ќе има на 9 април, кога ќе започне разигрувањето за титулата и во полуфиналето ќе игра со истиот противник од Купот, актеулниот првак ОК Струмица. Се игра на два добени натпревари а серијата започнува од Струмица.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати