Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 август 2025
Ноќеска после полноќ, сообраќајната полиција контатирала дека млад велешанец вози под дејство на алкохол.
„Денеска 25 август во 01:50 часот во Велес,полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.В.(27 год) од Велес. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,28 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и приведен во полициска станица“ -соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против возачот ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.