Ноќеска астрономски летото заврши, добре дојде за есента

Петар Печков

Есента календарски и астрономски на северната Земјина полутопка  започна ноќеска, среда на 23 септември во 02:05 часот наутро по македонско, средноевропско време. Есен, годишно време што носи пократки денови, подолги ноќи и постепено опаѓање на температурите. На Јужната започна пролетта.

Денес  е есенска рамноденица еквинокс, кога Сонцето преминува точно над екваторот, а денот и ноќта траат приближно еднакво.  Од денеска, па натаму, деновите ќе стануваат пократки, а ноќите подолги, сè до зимската краткодневица.

Сонцето над Велес изгреа во 6,20 ч. а ќе зајде во 18,28 ч. Денот ќе трае 12 ч. и 7 минути.   Есента ќе трае вкупно 89 денови и 21 час, секојдневно кратејќи го денот, сè до 21 декември  во 21,50ч., кога астрономски ќе започне зимата. 

Дополнително, во текот на оваа есен нè очекува и враќањето кон зимското сметање на времето, кога стрелките на часовникот ќе ги поместиме за еден час наназад во ноќта меѓу 24 и 25 октомври 2026 година.

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати