Новина во работата на Регионалниот центар за развој „Старс“ воведена неурофидбек метода

Петар Печков

Новина во работата на Регионалниот центар за развој „Старс“ од Велес, кој со ново иновативно решение го  следи   развојот на децата. Тоа е методологијата неурофидбек, современа терапија која се применува во светските центри. Таа од неодамна е достапна и за децата од Велес но и поширокиот регион, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Штип. За работата на Центарот разговаравме со сопственикот Александра Карагиров, дипломиран дефектолог.

       Што има ново во работата и услугите кои ги нуди Регионалниот центар за развој Старс?

Центарот работи на развој и примена на нови иновативни решенија во третманот на деца и млади, кои имаат атипичен развој, како и потреба од дефектолошки и логопедски третман во централниот и источниот дел на државава. Веќе два месеци се имплементирани  неурофидбек и плеј атеншн методологиите, како и употреба на фор-бреин и саунд-сори слушалки за третирање на децата и младите, кои им овозможуваат да ја унапредат својата состојба и да се интегрираат поуспешно во општествената заедница.

Неурофидбекот е вид на терапија која се базира на следење на електричната активност на мозокот (ЕЕГ) и давање повратна информација. Како и кај биофидбекот, анализата на мозочните бранови, што ја следат пациентот и терапевтот за време на прегледот, дава информации за функционирањето на мозокот. Преку повторена обука, учиме како да го направиме мозокот подобро да функционира, а со тоа да ги намалиме или елиминираме симптомите на одредени нарушувања.

   Како работи терапијата со неурофидбек?

Пред да започнеме со терапијата, на пациентот му прикачуваме електроди, кои ќе ги мерат мозочните бранови во реално време. Потоа, му даваме едноставни задачи на пациентот, што ќе ја активира мозочната активност што ја мериме. Може да биде едноставна видео игра или аудио стимулација (на пр. Пуштање музика или звуци што нагло започнуваат и застануваат). Овие активности се дизајнирани да го поттикнат мозокот да обработува информации на различни начини. Мозокот реагира на овие дразби и тие реакции ги набудуваме на извештајот за ЕЕГ. Во пракса, овие извештаи значително се разликуваат од терапија до терапија и го следат напредокот на пациентот.

      Кој може да ја користи оваа метода??

 Лица со дефицит во внимание,АДХД, Епилепсија, Аутистичен спектар на нарушување, тикови, Tourett-ов синдром, Трауматска повреда на мозокот, шизофренија, депресија-Манија, пелтечење, пост-трауматско стресно растројство, состојби на анксиозност, зголемување на ефикасноста кај програмери, спортисти, танчери, оперски пејачи и др.Хронична болка, проблеми со рано емотивно врзување, ноќно мокрење, мигрена, опсесивно-компулсивни растројства, проблеми во спиење, автоимуна дисфункција и др.

    Работите со деца, од кои градови тие доаѓаат? За кого се наменети вашите услуги, деца на која возраст?

Во моментов во нашиот Центар, работиме со деца кои што се во ран развоен период па се до пубертет.Врз основа на искуството и потребите на децата профилиравме услуги кои се нивна подготовка за на училиште како и поддршка во учењето и нудиме дефектолошка процена, индивидуални дефектолошки третмани, индивидуални логопедски третмани, сензорна интеграција, музикотерапија и арт терапија.Услугите кои што ги имаме во Центарот за стимулација, раст и развој „СТАРС“ се наменети за сите деца со типичен и атипичен развој, деца кои што имаат артикулативни нарушувања а додека поголемите деца, како и ворасните лица сметам дека одлично би се вкопиле во третманите со неурофидбек и плеј атеншн.


     Секое дете има свој проблем, со кои најчесто тие се судирааат и кои можат да се решат со ваша помош?

Од искуството досега, најчест проблем кој се јавува кај децата е Аутистичниот спектар на нарушување. Но ова не значи дека сите деца кои што посетуваат дефектолог имаат Аутизам. Имаме и дечиња кои се со церебрална парализа, фенилкетонурија, Down синдром, Хиперкинетски синдром и др. За да се делува со време кај Аутизам, потребна е дијагностика во ран развој и имплементација на рани интервентни програми. Раните интервентни програми се фокусираат на учење на социјални и комуникациски вештини. Основен принцип е дека учењето треба да биде прилагодено на секое поединечно дете, а способноста за учење се докажува со напредокот кој се постигнува. Во работата со деца со аутизам, ги користиме специјалните методи како што се: терапија со сензорна интеграција, PECS метода, ABA – применета бихејвиорална анализа, Floor time, brain gym, логопедска терапија, TEACHH метода. Сите овие методи имаат јасен принцип на работа и структура која треба да се спроведе во работата.
 
Сите овие методи се прилагодуваат според можностите, способностите и потребите на детето. Порано овакви методи кај нас не постоеја и сеуште ние како кадар, имаме потешкотија за добиеме соодветна обука за истите.
За жал, иако живееме во модерно време, слободно можам да кажам дека гласноговорниците за оваа проблематика се малку на број, а ние сеуште се соочуваме со проблеми од типот на неприфаќање на состојбата на родителите за своето дете.

        Кој освен Вас нуди стручна помош на децата?
Во Центарот за стимулација, раст и развој „СТАРС“, покрај мене како дефектолог, имаме и дипломиран логопед Лилјана Иванова, која што работи со деца што имаат артикулативни нарушувања и Лиценциран неурофидбек терапевт, медицинска сестра Елена Д.Пеновски, која работи со деца и возрасни со различни нарушувања.

      Какви се резултатите од Вашата работа?
Главната цел на „Старс“ е развивање на позитивно другарство помеѓу децата со типичен и атипичен развој, како и поврзување на нивните родители, со цел разменување на искуства, присуства на работилници, заеднички дружби, советување и помагање. Долгорочно, импактот на „Старс“ се состои во оспособување на децата за образование во редовните училишта. За резултатите од нашата работа, морам да напоменам дека ништо не може да се случи преку ноќ. Во зависност од состојбата која ја има одреден поединец (дете), се прави дијагностика и проценка за времетраењето на третманите но и прогноза за колкав период ние би имале резултати.
Сепак секое дете е посебна индивидуа и за успех е доста важно семјството како алка.

        Дали користат Ваши услуги деца од други градови освен Велес?

Кај нас доаѓаат деца од Штип, Неготино, Кавадарци, Струмица, Лозово, Свети Николе....

Центарот се наоѓа на ул.„Гоце Делчев“ бр.22/7, во центарот на градот спроти судот од страна  кон железничката пруга. Контакт телефон 075 369 900 Работно .време е  понеделник до петок 11:00 – 19:00

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати