Нова победа за одбојкарите

Петар Печков

Нова победа во победничката серија за ОК Борец, во разигрувањето за опстанок. Тие во Струмица со максимални 0:3 (21, 24,20) славеа на последно пласираниот тим на табелата. Со ова победа велешани се на делба на првото место со ОК Шкендија со по 11 победи и осум порази. Во следното коло ОК Борец  повторно гостуваат овој пат во струмичко Сушево, против истоимената екипа која е трета има 8 победи и 11 порази  а  неодамна во куп натпревар домаќините беа убедливи и го елиминираа ОК Борец со 0:3. Поради завршницата на Купот, која се игра наредниот викенд, натпреварите продолжуваат на 27 март.  

Во Втората кошаркарска лига до важен триумф, стигнаа кошаркарите на Соколи 1933 во дербито со КК Борец басект. На домашен терен во Штип, во дуелот против директниот конкурент за место во плеј-офот, Борец баскет, штипјани  беа подобри со 81:76. Домаќинот  во последните десет минути ја анулира негативата од шест поени (61:67), по три четвртини. Четвртата четвртина ја  решија со (20-9) со што стигнаа до победа и неизвесен финиш за велешани, кои веќе следното коло имаат тежок противник дома, екипата на КК Маџари која е трета. .КК Борец баскет е на делба на 6 место со КК Соколи со по 24 бода за зад нив е КК Водно санс со 23. Наредното коло е 20 а се играат 22.

Во Првата лига се одигра третото коло од разигрувањето за пласман во Супер лига. РК Бисинов забележа трета победа, овој пат против РК Македонија ЃП со 44:33 (21:17). Натпреварот бил неизвесен и рамноправен се до 20 минута. Потоа велешани го зголемувале водството, з ана крај да се радуваат на победа од 11 гола разлика. По ова коло РК Бисинов е прв а во следното коло, следниот викенд повторно тест за можностите, играат против второ пласираниот на табелата РК Драчево, во Драчево, кој има де победи и еден пораз. МРК Борец запиша трет пораз во три натпревари во разигрувањето за опстанок, овој пат дома од РК Текстилец со 33:37 (17:18) во кој младите ракометари рамноправно се носеле со штипјани,  кој имаа по една победа и пораз. Следното коло играат во Свети Николе против тимот на РК Овче поле, кои има два натпревари и две победи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати