Нова година во Македонија не доаѓа на полноќ, туку половина час порано

Петар Печков

Поради ротацијата на Земјата кон исток, ако се земе во предвид локалното, наместо зонското време, во Република Македонија, Нова година прво ќе настапи во општината Пехчево и тоа астрономски во 23 часот и 27 минути.

По вакво, локално или реално, односно астрономско време, прва и најисточна населба во Македонија каде настапува Нова година е с. Ново Коњарево источно од Струмица и тоа во 23 часот и 28 минути, десетина секунди подоцна во с. Двориште, Беровско, а уште толку подоцна во село Панчарево, Пехчевско.

Во Велес  доаѓа во 23:31,  во Скопје, по локално време,Нова година настапува во 23 часот и 32 минути. Најдоцна, по реално време Нова година ќе настапи во село Коњари западно од Дебар и тоа во 23 часот и 36 минути. Кога во Македонија, по зонско време во 00 часот настапува Нова година, поради разликата од околу 5-8 степени или речиси половина час во однос на зонскиот (15-ти) часовен меридијан (Македонија лежи на 20-23 степени источна географска должина), според реалното време, кај нас е веќе 00 часот и 25 (Дебарско) до 33 (Пехчевско) минути.

автор проф д-р Ивица Милевски

превземено од игеографија 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати