Петар Печков
Објавено: петок, 21 ноември 2025
Реката Вардар со нешто намалено ниво во Велес, во однос на вчера. Ова се податоците на службата за хидрологија при УХМР. Во 8ч. на мерно место Стар мост биле измерени 176цм што е за осум помалку од вчерашните 184 цм.
Податоците за мерните места северно од Велес, Скопје, Тетово, Јагуновде покажуваат дека денешното ниво, петрок, опаѓа во однос на вчерашните, кои баа максимални.
Пикот според стручните лица бил во текот на вчерашното попладне, четврток околун 17ч. И двете големи притоки на Вардар, Треска и Пчиња покажуваат дека нивното ниво се намалува.
Од Центарот за управување со кризи предупредија дека се очекува во Велешко зголемување на нивото на реката Вардар, со многу висок водостој со можност за изелвање кај Автобуската станица.
