Недела ноќта, часовниците одат еден час напред

Петар Печков

Недела ноќта во 2 часот, стрелките се поместуваат за еден час напред, во 3 со што започнува летното сметање на времето. Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983 г., а од 1996. е регулирано со Закон за сметање на времето. Тој е единствениот Закон , кој сите го почитуваат, нема некој што се обидел да оди спроти него.

Летно сметање на времето или летно време — договорено правило за пометување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври.

На почетокот од годинава Финска, како членка  на ЕУ побара да се испитаат предностите што ги носи летното сметање на времето и дали е тоа потребно да се применува. Доколку анализите покажат дека нема, некои сериозни заштеди, можно е дури догодина во март, да не се применува повеќе промената на летното сметање  на времето, оти во октомври, часовниците мора да се вратат на старо.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати