На полигонот Криволак уништени неексплодирани бомби од Прва и Втора Светска војна

Петар Печков

На армискиот полигон Криволак вторникот  доцна попладне   се изврши  уништувањето на  дел од неексплодираните убојни средства, кои беа пронајдени изминатите години во земјава.

Уништувањето  го извршија  пиротехничарите при Дирекцијата за заштита и спасување.  Ова е второ за една недела, откако претходно се изврши уништување и во четвртокот.

Се изврши уништување на  1,2 илјади  неексплодирани бомби од Прва и Втора Светска Војна, како и на 290 неексплодирани тенковски мини, кои се опасност по животот на граѓаните. Тие се собирани во период од две и пол години, почнувајќи од 2018-та, лани и оваа година за првите шест месеци. Дел од овие неексплодирани средства се пронајдени на линијата на Солунскиот фронт но и од воените дејствија во 2001-та година   - кажа Ефтим Митрев раководител на тимот на пиротехничари. 

Се уништуваат   неексплодирани убојни средства од различен калибар кои се пронајдени од страна на пиротехничарите на повеќе локации во земјава. 

Во Македонија во рамките на Дирекцијата за заштита и спасување има пиротехничари во седум градови -Струмица, Скопје, Битола, Тетово, Кичево, Штип и Куманово.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати