На крводарителската акција на Академијата Скил ап собрани 29 крвни единици

Петар Печков

Во просториите на "Skill Up Academy" Велес, денеска -недела,  се одржа традиционална крводарителска акција, годинава по петти пат. На акцијата даруваа 29-мина крводарители, четворица од нив даруваа за прв пат.

„Огромна благодарност до SKILLUP Academy за соработката и хуманоста која ја покажуваат години наназад. Тие се единствената приватна фирма во која се одржува крводарителска акција“ – соопштија од Општинската организација на Црвен крст од Велес, кој заедно со Skill Up Academy" и Заводот за трансфузиона медицина од Скопје ја организираа крводарителската акција. 

Најуспешна досега е крводарителската акција од 2024 година со 71 крвна единица, лани на денот на трагедијата во Кочани се собраа 56 крвни единици. На првата 2022 беа собрани 42, во 2023  - 43.

фото ОО Црвен крст Велес 

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати