Петар Печков
Објавено: недела, 24 август 2025
По 33 пат се одржа големата трационална летна крводарителска акција. Таа се одржа во фоајето на велешки театар „Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“.
Организаторот Општинската организација на Црвениот крст Велес, ја оценија со одличен одзив.
„ Крводарителите одново ја покажаа нивната хуманост. На акцијата вкупно се даруваа 135 крвни единици“ – соопшти Орце Николов, секретар на ОО Црвен крст Велес.
Сите дарители добија приврзок, со нивната крвна група, како и на кои лица ко која крвна група, се можат да даруваат.
На неа крв даруваше градоначалникот Марко Колев, кој вели, крв дарувам не за самопромоција, туку да поттикнам други да го сторат тоа. Крв даруваше и Даниел Јаневски, претседател на Советот.
Акцијата беше реализирана со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Црвениот крст на Велес објави дека за седум месеци, крводарителите од Велес, Градско, Чашка го исполниле годишниот план.
„Заклучно со 31 јули е исполент и натрфлен годишниот план кој изнесува 1860 крвни единици а се собрани 1881 крвна единица. Тоа е 21 крвна единица над планот. Тоа не исполнува, задоволството е големо. Тоа е успех пред се на крводарителите од општините Велес, Градско и Чашка“ -